
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Сена ќе вози за Рено Лотус
- '
- Објавено: август 23, 2011 22:00
Бруно Сена ќе биде дел од тимот на Рено Лотус на неделната трка за Големата награда на Белгија што ќе се вози на патеката Спа. Челниците на Рено Лотус се решија на ваков чекор поради незадоволството од настапите на Ник Хајдфелд. Германецот беше ангажиран на стартот од сезоната како замена за повредениот Роберт Кубица, но воошто не ги оправда очекувањата на своите работодавци, поради што денеска беше заменет со младиот Сена.
– Со задоволство можеме да објавиме дека Бруно Сена ќе биде наш возач, крај Виталиј Петров, на трката во Белгија. Останатите детали ќе бидат објавени на утрешната прес-конференција – се вели во денешното кратко соопштение што го објави францускиот тим во Формула 1 шампионатот.
На Сена по се изгледа ќе му биде понуден договор само до крајот на оваа сезона, ако се знае дека челниците на Рено Лотус се убедени дека Кубица ќе успее целосно да се рехабилитира од повредите и догодина да го предводи овој тим во обид да се дојде до што подобар пласман.