Се случи и тоа: Маркез за Роси вели дека е жива легенда! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Се случи и тоа: Маркез за Роси вели дека е жива легенда!

Се случи и тоа: Маркез за Роси вели дека е жива легенда!

Крајот на минатата сезона во МотоГП ги подели гледачите на две страни. Од едната страна беше најтрофејниот возач Валентино Роси додека на спротивната страна беше шпанското дуо во состав Маркез-Лоренцо. Маркез му помогна на Лоренцо да ја освои титулата минатата сезона со неспортски потези кон Роси проади што односот помеѓу двајцата возачи.

Помина една година оттогаш, но не стивнуваат прашањата за односот помеѓу Роси и Маркез. Навидум имаше помирување помеѓу нив двајца по трката во Каталуња кога смртта на Луис Салом го зави падокот во црно.

Во моментов, возачите во мотоциклистичките категории ги тестираат машините за наредната сезона во Шпанија, а тамошните медиуми ја искористија приликата повторно да го прашаат Маркез за неговиот однос со Роси, конкретно како се чувствува кога поголем дел од гледачите на овој мото спорт навиваат за Италијанецот и често се веат жолти знамиња на трибините.

„Мојот мотоцикл е црвен бидејќи тоа е мојата омилена боја како и бојата на Репсол Хонда. Секој возач има своја омилена боја. А за Роси .. Па, тој е жива легенда и од него МотоГП има огромна корист. Тој човек остави траги што не можат да се избришат и го промени начинот на кој сите гледаат на ова натпреварување“ – истакна Маркез.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.