Се откажува регионалната лига - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Се откажува регионалната лига

Постои сериозна опасност регионалната лига во ракомет воопшто да не стартува откако беше објавено дека пропаднале обидите да се пронајде спонзор што би ги покрил трошоците на екипите во премиерната сезона. Маркетинг агенцијата што беше задолжена да пронајде покровител на ова регионално натпреварување денеска објави дека не успеало во задачата што била зададена, што значи дека клубовите ќе мора самите да си ги покријат сите трошоци доколку сакаат лигата да стартува токму оваа година. Агенцијата наведува дека најверојатно ќе биде во можност да осигура спонзор за втората сезона, но не дава никакви гаранции дека тоа ќе се случи. 
 
Фактот дека оваа информација се појавува на само десетина дена пред закажаниот старт уште повеќе ја крева тензијата, по што почнаа шпекулациите дека дел од тимовите ќе се откажат и лигата воопшто нема да стартува. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.