Се е во ред со Дрогба - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Се е во ред со Дрогба

Голгетерот на Челси, Дидие Дрогба, нема премногу долго да биде надвор од фудбалските терени и покрај страотниот судир што го имаше со голманот на Норвич, Џон Руди. Дрогба неколку минути беше во бесознание, при што на „Стемфорд бриџ“ владееше молк додека лекарскиот тим на Челси се обидуваше да му пружи помош на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска. Тој на носилки беше изнесен од теренот, но менаџерот Андре Вилјаш-Боаш на прес-конференцијата по мечот соопшти дека Дрогба се чувствувал добро.

 

Тој беше во несвест неколку минути и морам да кажам дека чувството беше многу лошо, да се седи крај аут линијата и да се следи она што се случуваше околу Дидие. Нашиот лекарски тим, но и фудбалерите на Челси и на Норвич помогнаа колку што можеа за благовремена реакција, така што сега Дрогба се чувствува далеку подобро. Нема никаква вина кај голманот на Норвич, тоа беше жесток дуел, двајцата одеа на топка, такви работи се нормални во фудбалот“ – истакна Вилјаш-Боаш. 

 

Во таборот на Челси се во исчекување на резултатите од лекарските прегледи. Дроба по се изгледа има мал потрес на мозокот и нема да може да тренира околу една недела, но тоа нема премногу да му пречи на стручниот штаб на „сините“ ако се знае дека сега ионака следи пауза поради настапи на репрезентациите. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.