Сашо Ѓорески се врати во Брегалница - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Сашо Ѓорески се врати во Брегалница

Сашо Ѓорески се врати во Брегалница

Штипска Брегалница денеска го ангажираше искусниот дефанзивец на Младост Царев Двор, Сашо Ѓорески. Тој во изминатиот период ги бранеше боите на „царевите“, и ќе биде ново засилување за тимот од Штип.

33-годишниот Ѓорески знае да одговори на централната позиција во одбраната, но и може да игра како лев бек, и неговото искоство ќе биде од големо значење за „сините“ од Штип. Ова ќе биде негово враќање во „старото јато“, затоа што претходно во кариерата играше за Брегалница.

Деновиве се очекува комплетирање на трансферот на Митко Мавров од Хоризонт Турново, и со тоа Брегалница го затвора летниот преоден рок. Тимот од Штип беше најактивен ова лето, кога станува збор за трансфери, а тимот го засилија Сашо Ѓорески, Мирослав Јовановски, Томица Петров, Александар Далчески, Дејан Лескароски, Матија Кобетиќ и Борјан Ристовски од Љубанци.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.