САМO ЗА ВАС: Од денеска, спортски магазин ЕКИПА! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

САМO ЗА ВАС: Од денеска, спортски магазин ЕКИПА!

Македонија го сака спортот, го покажуваат тоа многу добро посетите на нашиот интернет портал (www.old.ekipa.mk), па токму тоа беше и иницијалниот мотив за појавувањето на месечниот магазин ЕКИПА.

 

Од денеска само за Вас на продажните места ширум Македонија стартува
спортскиот магазин ЕКИПА, з
асега еднаш месечно,
и тоа секој прв петок во месецот, со
надеж дека многу брзо тој период би можел да биде
исполнет и со четири
изданија.

 

Квалитетот пред сe! Тоа ќе биде основното мото на магазинот ЕКИПА, кој ќе настојува да го
величи и респектира квалитетот на македонските спортисти,
затоа што во многу
сегменти тој е потценет. Треба да го сакаме, да го
поддржуваме и да се
трудиме да го развиваме нашето. Само така ќе изградиме
една нова спортска
култура, да уживаме во победите, да не жалиме премногу
во поразите, но да
извлечеме поуки што ќе не направат уште посилни во
пресрет на новите
спортски искушенија.

 

Во месечниот магазин ЕКИПА ќе се
фокусираме на истражувачките материјали, анализи, стории,
интервјуа, другарување,
одбележување на најдобрите, избори на најуспешните
во македонскиот
спорт. Секако, ќе има место и за врвниот светски спорт,
бидејќи на тој начин
ќе биде прикажана онаа толку посакувана компарација,
до каде сме, колку
можеме, дали заостануваме и како би можеле да
напредуваме во
наредниот период.

 

Ако сме истомисленици, се надеваме дека ќе се дружиме, редовно на порталот www.old.ekipa.mk, но, и
специјално
од денеска и со магазинот ЕКИПА.

 

А, само како најава ВО ПРВИОТ БРОЈ НА МАГАЗИНОТ ЕКИПА ќе може да прочитатe:

 

– ИЛИЈА НАЈДОСКИ НАЈАВУВА КРАЈ НА ФУДБАЛСКАТА ИЗОЛАЦИЈА

„МЕ ФАЌА ИНАЕТ…. Сакам да се вратам во фудбалот“

 

– МАКЕДОНСКИОТ САМУРАЈ, НИКОЛА ЈАКИМОВСКИ ЗА ЕКИПА ОТКРИВА ЕДНА ТАЈНА…

„Цеца Ражњатовиќ и Драган Стојковиќ – Пикси се виновници за мојот трансфер во Јапонија“

 

– ТОП 30 најпознати изјави на ЖОЗЕ МУРИЊО: Секој збор – специјалитет!

 

– НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ е спортист на месец март во изборот на ЕКИПА

„Носам дрес со број 18 во чест на Габриел Батистута“

 

– ИНТЕРВЈУ СО НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РФМ, ЖИВКО МУКАЕТОВ

„Да го поставиме ракометот на здрави нозе“

 

– ФОРМУЛАТА ЗА УСПЕХ НА МЕТАЛУРГ!

 

– МЕСЕЦ НА ДУЕЛ НА ТИТАНИТЕ

Веселин Вујовиќ vs Лино Червар

 

– БОРКО РИСТОВСКИ

„Ги истрошивме сите домашни тренери“

 

– НЕШТО СОСЕМА ЛИЧНО СО ДРАГАНА ПЕЦЕВСКА

 

– ТЕМА НА МЕСЕЦОТ: Спортот во канџите на политиката!

 

– ПОСТЕР: КК МЗТ СКОПЈЕ

 

– НЕЗАБОРАВ: Александар Књазев и Перо Блажевски со носталгични сеќавања за сега веќе урнатата сала „Јане Сандански“ 

 

– ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ ГНЕВЕН НА СКИЈАЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

„Со стари скии до олимписка норма“

 

– ТОП 3 најдобри македонски навивачки групи на месецот 

 

– МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ ВО ИЗБОРОТ НА ТОП 5 БАЛКАНСКИ СПОРТСКИ УБАВИЦИ 

И уште многу други наслови од домашниот спорт (Анализа на фудбалската репрезентација, Првата фудбалска лига под лупа, Детална оценка за секој поединец во МЗТ Скопје…) во првото издание на спортскиот магазин ЕКИПА…

 

И, никогаш не заборавајте. За било каква победа во животот не сте доволни само вие – осамени. Секогаш покрај себе потребна ви е и најдобрата ЕКИПА!

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.