Само што се врати: Калиниќ одново ќе паузира поради повреда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Само што се врати: Калиниќ одново ќе паузира поради повреда

Само што се врати: Калиниќ одново ќе паузира поради повреда

Српскиот кошаркар на Фенербахче, Никола Калиниќ вчера одново се здоби со повреда и ќе мора да паузира од четири до шест недели. Овој пат се работи за повреда на левиот скочен зглоб, а незгодата се случи во првата четвртина од средбата против Макаби.

Калиниќ минатата недела се врати на терените во полн погон, откако четири месеци се справуваше со повреда на грбот поради која го пропушти Евробаскетот и почетокот на клупските првенства во оваа сезона. Крилото на актуелниот европски првак е вистински малер кога се работи за повредите, новата 2018 година ќе ја дочека на патерици.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.