Само реномирано тренерско име на селекторската функција - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Само реномирано тренерско име на селекторската функција

По денешната прес-конференција од ФФМ крајот на циклусот од квалификациите за СП 2014 го заокружија и со соопштение до јавноста преку кое се пренесуваат клучните поенти од анализата за случувањата за време на натпреварите и по циклусот натпревари.

Во своето соопштение Фудбалската федерација на Македонија истакнува дека ја презема одговорноста за целосниот исход од натпреварувањата, кои од самиот почеток беа предизвик за националниот тим. Низ неколку точки ви го пренесуваме соопштението од ФФМ до нашата редакција:

Ждрепка и распоред на натпревари – Мора да напоменеме дека имавме тешка група, каде многу лесно распоредот на табелата можеше да биде поинаков. Анализирајќи ги одиграните натпревари, стоиме зад тоа дека македонската фудбалска репрезентација освен натпреварот со Србија, не изигра лошо во овој циклус. На два пати несреќно изгубивме од Хрватска и од Шкотска во Скопје, но во фудбалот може еднаш, двапати да немаш среќа, ако тоа е тенденција значи дека постои некаков проблем кој треба да се реши.

Избор на селектор и назначување на ВД селектор – При избор на селектор раководството на ФФМ беше водено од потребата да се изнајде најдобро решение.  Плановите да се ангажира Јаневски како селектор беа долгорочни, беше постигнат договор Јаневски да ја води репрезентацијата до крајот на квалификациите. Професионалноста и работата на Јаневски  не мотивираа да му понудиме нов договор, но покрај желбата да остане наш селектор Јаневски се одлучи кариерата да ја продолжи во белгискиот прволигаш Монс  пред истекот на договорот. Содржината на договорот беше позната на двете страни.

Одлуката да се назначи Стратев како ВД селектор за последните два натпревари беше поддржана со фактот дека ги познава поголемиот дел од  играчите, начинот на игра до тогаш и дека е достапен поради неговиот ангажман во федерацијата како координатор на сите млади репрезентации. ФФМ веќе започна и процес за избор на нов селектор. Приоритет е да ги исполнува критериумите за квалитет и да е реномиран тренер.

Логистика и организација на патувањата –  Што се однесува до организацијата  одговорно тврдам дека во организацискиот дел, овој циклус  помина солидно согласно нашите можности. Играчите се клучен фактор, затоа се внимава на сместување во добри хотели, со минимални авионски чекања…Сите обврски на федерацијата кон играчите и стручниот штаб во вид на повици и премии се навремено подмирувани и нема никакви заостанати долгови. Во рамки на можностите како поддршка на играчите и беше донесена одлука на одредени пријателски натпревари за победа да се додели и премија. Тука нема да застанеме и понатаму ќе работиме да ги подигниме критериумите во однос на логистика при патувања во странство.

Односот на играчите и кон играчите  – Во структурата на репрезентацијата постои јасно дефинирање на улогите и одговорностите. Изборот на играчите пред се се должи на визиите и стратегиите што ги развиваат селекторот и стручниот штаб, што од друга страна значи и увид во составот на играчите кои се на располагање. И само на таков начин може да се развива професионализам и преземање одговорност . Како федерација одговорно тврдиме и отфрламе секакви обвинувања дека се фаворизираат некои фудбалери, со цел тие подобро да бидат продадени. Веруваме дека беа повикувани најдобрите фудбалери во моментот што одговараат на стратегијата, но и оние кои навистина се залагаат и сакаат со срце да ги бранат боите на својата земја.

Резултатите од работењето на ФФМ – Резултатите од работењето на фудбалската федерација не може и не треба да се гледаат исклучиво преку поврзување со А репрезентацијата. Во период од само една година, ФФМ реализраше проекти за кои во последните две децении единствено се зборуваше. Денес, зборуваат делата. Едно од нив е и националната стратегија за развој на младинскиот фудбал. Изготвен прирачник со стратегија за работа со тренери и единствен модел на игра. Изградба на 10 терени со вештачка трева низ повеќе општини во Македонија, детска лига – повеќе од 5.000 деца се натпреваруваат во лигата која требаше да биде формирана многу одамна. Професионални договори за селекторите, а исто така ФФМ е иницијатори и на донесените измени и дополнувања на законот за спречување на спортско насилство и на таа тема веќе организираше повеќе тркалезни маси соработувајќи и со другите спортски федерации. Приходот од реклами е зголемен за 350%. Долгот на ФФМ е намален за 70% и конечно се изгради комплексот „Куќа на фудбалот“ во рок од 8 месеци, чии темели беа поставени пред 4 години.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.