Само „НЕБИТНИОТ“ блеска во сивилото на мак-баскетот - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Само „НЕБИТНИОТ“ блеска во сивилото на мак-баскетот

Само „НЕБИТНИОТ“ блеска во сивилото на мак-баскетот

Тажна и сива беше оваа 2017 година на кошаркарски план… дванаесет месеци во кои бевме сведоци на странски судии во плејоф-финале, ново репрезентативно фијаско, доведување на неколку клубови на работ на егзистенција, фарса на собрание на МКФ… Во сето сивило на мак-баскетот има само една ѕвезда која свети силно и го одржува зборот Македонија кога ќе се говори за врвна кошарка. Една ѕвезда, тотално маргинализирана на домашната сцена, за сама на себе да си го даде прекарот „Небитниот“.

НЕБИТНИОТ – капитен на македонската репрезентација во најголемиот успех на нашите национални селекции во сите колективни спортови на големите натпреварувања.

НЕБИТНИОТ – прв Македонец што стана дел од НБА-лигата.

НЕБИТНИОТ – најтрофеен македонски кошаркар со три круни во Евролигата.

НЕБИТНИОТ – голем ЧОВЕК, кој со еден потег го реши проблемот со финансирање на лекувањето на Стеван Гешовски, давајќи повеќе пари, од федерацијата и сите клубови заедно, со сите нивни кампањи.

Тоа е тој – Перо Антиќ, играчот кој имаше значаен придонес на Ф4 турнирот во Истанбул и првата европска титула на Фенербахче. Истиот тој, кој пред неполн месец „ладно“ со тројка го потопи Реал среде Мадрид.

Годинава награден од МКФ (ќе беше трагично ако не беше), но затоа игнориран на главните „оскари“ каде не се најде ниту меѓу петмината кандидати со образложение дека „не играл за Македонија, па не може да биде во конкуренција за најдобар спортист на Македонија“. Така е тоа во нашата драга држава, во која за спортски награди решаваат бирократи (со помош на федерации, кои редовно сами по себе дисквалификуваат неподобни), државни службеници на кои им е полесно да најдат еден аргумент ПРОТИВ отколку стотици ЗА, за сето она што е направено во минатото и сегашноста.

Со таков пристап – не е ни чудо што ѕвездите во ова сивило ги имаме се помалку, кога не знаеме самите да ги негуваме.

А Перо Антиќ никогаш не „пател“ за награди и дарувања, едноставно за почит на сето она што го правел и ќе го прави и во иднина.

Не е многу, нели.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.