Сакаме да е дерби, ама не е (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Сакаме да е дерби, ама не е (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Сакаме да е дерби, ама не е (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Некогаш беше дерби. Дуелите меѓу Вардар и Пелистер предизвикуваа големо внимание, а на стадионите имаше многу навивачи. Овој денешен дуел меѓу Вардар и Пелистер, иако ние милуваме да си го нарекуваме „вечно дерби“, за жал, многу излетало од првичниот колосек. И не затоа што во моментов Пелистер е второлигаш и не игра во елитната дивизија, и не затоа што Вардар има многу посилен состав, туку затоа што за дерби е потребно и ривалство, и меѓу клубовите, и меѓу навивачите.

А на денешниот меч што ние „замижуваме“ дека е дерби, имаше 200 Комити и ги немаше Чкембари. Сите тие се многу „силни“ на социјалните мрежи, ама на стадион ги нема да ги бодрат своите клубови. Па, и ако сакате, кога е дерби во прашање, да го мразат другиот клуб.

Ништо од тоа не видовме, освен силна надмоќ на Вардар, триумф од 4-1, и Пелистер кој е се уште далеку од македонската фудбалска елита…Зошто, како, полиција, забрана, лични карти, бунт, штрајк, бојкот…Тоа се само оправдувања и алиби – причини ова наше македонско „вечно дерби“ да го загуби својот сјај.

Со надеж дека некогаш повторно ќе биде дерби…

vardar so pelister 1

vardar so pelister 3

vardar so pelister 4

vardar so pelister 5

vardar so pelister 6

vardar so pelister 7

vardar so pelister 8

vardar so pelister 9

vardar so pelister 10

vardar so pelister 16

vardar so pelister 17

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.