Сабате: Дуелите со Вардар се најважни за Веспрем сезонава, сакаме на Ф4 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Сабате: Дуелите со Вардар се најважни за Веспрем сезонава, сакаме на Ф4

Сабате: Дуелите со Вардар се најважни за Веспрем сезонава, сакаме на Ф4

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска (16 часот) го пречекува Веспрем во СЦ „Јане Сандански“ во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Првата битка ја доби унгарскиот тим со победата во финалето на СЕХА – лигата, но допрва следи „војната“ со двомечот во најелитното европско натпреварување. Влогот е огромен – пласман на фајналфор во Келн.

Тренерот на Веспрем, Чави Сабате, потенцира дека овие два дуели со Вардар се најважните за неговиот тим во досегашниот тек од сезоната. Јасно е дека Унгарците сакаат да се пласираат во самата завршница од Лигата на шампионите.

„Ова се двата најважни дуели за нас во ЛШ сезонава. Сакаме да одиме на Ф4, тоа е нашата цел, и ќе сториме се за да ја оствариме. Со Вардар се познаваме добро, но мислам дека се уште има некои ’резерви’ и во двата тима, чувани токму за овие два решавачки дуели. Ќе биде навистина тешко, Вардар ќе има огромна поддршка и од навивачите во својата сала, но ние сме подготвени за предизвикот. Потребен ни е позитивен резултат уште овде во Скопје, а потоа да ја дозавршиме работата во Унгарија“, истакнува тренерот на Веспрем.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.