Рутина за „соколите“, нова трагедија за Бест - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Рутина за „соколите“, нова трагедија за Бест

Рутина за „соколите“, нова трагедија за Бест

Со лесна победа над Бест екипата на Карпош Соколи останува во борбата за второто место на табелата во домашното првенство. „Соколите“ кои до шестото коло не знаеја за пораз го преслушаа тазе прволигашот Бест со 86-48 (22-7, 18-13, 21-10, 25-18), за кој и повеќе од јасно е дека опстанокот во кошаркарската елита е невозможен.

Фаворитската улога домаќинот лесно ја оправда диктирајќи го темпото на мечот во текот на целите 40 минути. Кошаркарите на Бест не беа во можнот да го фатат ритамот на екстра мотивираните „соколи“ кои веќе по истекот на првите десет минути имаа огромна предност од 15 поени (22-7). Остатокот од полувремето, а и од мечот се сведе на рутина.

Двојната предност на полувремето што ја имаа домаќините (40-20) беше недостижна за евентуален пресврт или сензација среде Карпош. Се обиде Марковиќ накратко да ги ’заниша работите’, но очајно лошата реализација од линијата за слободни фрлања му овозможи на домаќинот да го одржува водството и во третата четвртина. Игор Пенов со поен од поле му го донесе најголемото водство на својот клуб пред почетокот на последниот период (61-30). Правопропорционално со времето растеше и предноста на „соколите“, сè до конечни 86-48

Мајкл Снер постигна 15 поени за победничкиот состав на кои придодаде и седум скокови. Двоцифрен ефект имаа уште Петровиќ и Пенов кои уфрлија по 10 поени. За гостинскиот состав, Марковиќ уфрли 14 поени, Делипетров – девет.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.