
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Рожман во втората рунда на СП
- '
- Објавено: август 26, 2011 22:00
Најдобрата македонска атлетичарка, Ивана Рожман, успеа да го мине претквалификациските борби на 100 метри на Светското првенство во Даегу, Јужна Кореја. Таа утре повторно ќе се појави на тартанот, овојпат во квалификациска трка каде што учество ќе земат и најдобрите светски спринтерки.
Во претквалификациите, Рожман истрча време од 12,48 секунди, што беше доволно за 14 место во конкуренција на 36 атлетичарки. Според новите правила на ИААФ, во претквалификациите трчаат атлетичарките без норма или со обезбедена Б-норма, а во квалификациите ќе се појават сите спринтерки кои имаат истрчано А-норма за учество на СП во Даегу.
Ивана Рожман настапи за Македонија на Олимписките Игри во Пекинг во 2008 година и на 100 метри истрча време од 12,92 секунди. На СП 2009 „стотката“ ја мина за 12,60 секунди, а на ЕП 2010 имаше резултат 12,90 секунди.