„Романтичарите“ стартуваат в петок - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

„Романтичарите“ стартуваат в петок

„Романтичарите“ стартуваат в петок

Зимскиот одмор за фудбалерите на Работнички завршува в петок. Шефот на стручниот штаб Горан Станковски за 5.јануари, со почеток во 13 часот, ја закажа првата прозивка на тимот, со која ќе биде означен и стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната.

„В петок, со почеток во 13 часот, ќе биде извршена првата прозивка, првите два дена ќе имаме по еден тренинг, а потоа ќе ја удвоиме дозата на тренинзи. Треба добро да се подготвиме за пролетниот дел од првенството“, истакнува шефот на стручниот штаб, Горан Станковски, за официјалниот сајт на клубот.

Првата фаза ќе биде одработена во Скопје, а потоа фудбалскиот клуб Работнички и оваа зима ќе замине на подготовки во турската база Анталија. Нашиот тим ќе престојува во Анталија од 22.јануари до 1.февруари. Веќе се договорени и четири пријателски натпревари. На 24.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Габала (Азербејџан), а два дена подоцна ќе тестира против Кешла (поранешен Интер Баку), исто така прволигаш од Азербејџан.

На 29.јануари противник на Работнички ќе биде рускиот тим Динамо Санкт Петербург, а на 31.јануари ќе следи тестот против украинскиот прволигаш Мариупол.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.