
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
„Романтичарите“ го напаѓаат Рим
- '
- Објавено: август 15, 2011 22:00
в четврток на стадионот „Олимпико“ ќе ги одмери силите со италијанскиот
калчолигаш Лацио во четвртото коло од Лигата на Европа. „Романтичарите“ многу
добро знаат што значи да се игра против европски гигант, затоа што минатата
сезона на менито го имаа англискиот премиерлигаш Ливерпул. И не се посрамија,
одиграа достојно, за себе, за клубот и за рејтингот на македонскиот фудбал.
Во овогодишната мисија во Лигата на Европа, пред нив е
исправен Лацио. Италијанскиот калчолигаш е голем фаворит во овој двомеч, но, сепак
младите фудбалери од Дебар Маало веќе докажаа дека не се плашат од европските
величини.
– Овие момци имаат квалитет, покажаа дека се
навистина храбри и одважни и заслужија да играат вакви важни европски дуели со
Лацио. Италијанскиот тим е фаворит, но од друга страна тоа може да биде само
голем мотив за овие млади играчи да се претстават во најдобро светло и во Рим и
во Скопје – вели тренерот на Работнички, Горан Петрески.
На „Олимпико“ не е лесно да се игра, пред неколку години
Вардар прими „пет парчиња“ од Рома, но „романтичарите“ се надеваат дека ќе
успеат да ги скротат Џибрил Сисе, Мирослав Клосе, Мауро Зарате, Хернанес и
останатите ѕвезди на составот на Лацио.
– Првиот натпревар во Рим ќе биде вистинско
искушение, но ние ќе ја играме нашата игра, со контранапади, ќе се обидеме да
ги изненадиме, иако реално, квалитетот е на нивна страна. Сепак, не се плашиме
од Лацио, одиме на „Олимпико“ за да играме фудбал – вели Благоја Тодоровски,
играчот што ја покрива десната странична позиција.
Најголем хендикеп ќе биде отсуството на тројцата дефанзивни
играчи, искусните Панче Ќумбев, Игор Стојанов и младиот, но квалитетен Горан
Богдановиќ. Првиот нема право на настап поради жолти картони, а Стојанов и
Богдановиќ нема да играат поради повреди. Поради тоа, тренерот Горан Петрески
ќе мора во централната дефанзивна линија да ги спои Дино Најдоски и Димитрија
Лазаревски. Само еднаш оваа сезона играа заедно во тандем, и тоа на последниот
првенствен меч против Шкендија (3-1).
–
Немаме голем избор, но јас верувам во сите
фудбалери кои се на списокот за Рим. Убеден сум дека ќе одиграме добар
натпревар – истакнува Петрески.
Од друга страна, тренерот на Лацио, Еди Реха, ќе биде на
слатки маки околу изборот на првотимците за дуелот со Работнички. „Лацијалите“
имаат фантастични играчи во нападот, новите засилувања Џибрил Сисе и Мирослав
Клосе, ветеранот Томасо Роки, минатогодишниот прв шпиц Серџо Флокари, потоа
Џузепе Скули, Стефан Макинва, Либор Козак…Во средниот ред се Хернанес,
Ледесма, Маури, Матузалем… Страв да те
фати само од имињата, ама Работнички не се исплаши на „Енфилд роуд“, па ќе го
преживее и „Олимпико“…