Ристовски со Барселона рутински до нова победа во АСОБАЛ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ристовски со Барселона рутински до нова победа во АСОБАЛ

Ристовски со Барселона рутински до нова победа во АСОБАЛ

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски со Барселона славеше победа против Теукро со 28-38 во последниот натпревар во шпанската АСОБАЛ лига пред зимската пауза.  Со тоа завршуваат и клупските обврски за Ристовски во Шпанија неколку дена пред стартот на подготовките со македонската репрезентација за јануарското ЕП во Хрватска.

Во последниот натпревар за Барселона во оваа календарска година, Ристовски запиша четири одбрани, а Перез де Варгас имаше една помалку. Најефикасни во составот на Барселона беа Валеро Ривера со шест и Дика Мем со пет гола.

Натпреварите во АСОБАЛ лигата продолжуваат на почетокот од февруари, а во првиот дуел од пролетниот дел, Барселона на 3 февруари му гостува на Порто Сагундо.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.