Ристовски и Жута на седум бода од шампионска круна во Хрватска! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ристовски и Жута на седум бода од шампионска круна во Хрватска!

Ристовски и Жута на седум бода од шампионска круна во Хрватска!

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута со својата Ријека се на само седум бода, до кои мора да стигнат во последните пет кола, од шампионската титула во првенството на Хрватска.

Ријека, денеска на „Рујевица“, лесно славеше со 2-0 против Интер Запрешиќ во 31. коло со головите на Гаврановиќ и Безјак уште во првото полувреме. Ристовски и Жута, стандардно, го одиграа целиот натпревар за Ријека.

По оваа победа, на пет рунди до финишот, Ријека ја зачува предноста од осум бода на лидерската позиција пред Динамо Загреб. Сега веќе и дефинитивно многу блиску до круната во хрватскиот шампионат.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.