Ристе Стефанов позитивен на допинг-тест? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ристе Стефанов позитивен на допинг-тест?

Ристе Стефанов бил позитивен на допинг-тест по еден од натпреварите што ги одиграл во грчкиот шампионат во дресот на екипата на Илисијакос. Оваа информација ја објави грчкиот портал basketblog.gr, кој е специјализиран за случувањата во кошаркарска Грција, повикувајќи се на извори од таборот на Илијакос. Иако челниците на овој клуб се уште се немаат огласено на оваа тема, basketblog.gr тврди дека Стефанов паднал на допинг-тестот, а неговиот втор примерок веќе е испратен во Минхен, од каде што се очекува одговорот веќе во следните неколку дена.
 
Доколку се потврдат овие неофицијални гласини што се појавија по грчките медиуми, за очекување е Стефанов да добие долга суспензија. Ако тоа се случи, скандалот би претставувал уште еден чекор назад во кариерата за поранешниот македонски репрезентативец, кој што во изминатите неколку години имаше сериозни пролеми со повредите. Ристе Стефанов ја почна оваа сезона во дресот на МЗТ Скопје, но откако не ги исполни очекувањата на „металците“ реши да си замине од „Јане Сандански“ и својата кариера ја продолжи во грчкиот Илијасијакос. 
 
Тој беше без постигнати поени на првите неколку срeдби во грчкиот шампионат, а доколку бидат потврдени овие сериозни обвинувања, тогаш е јасно дека македонскиот интернационалец ќе има неславен крај на авантурата кај јужниот сосед. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.