РФМ се огради, и се извини за односот на „координаторот“ Мартин Клинчаров - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

РФМ се огради, и се извини за односот на „координаторот“ Мартин Клинчаров

РФМ се огради, и се извини за односот на „координаторот“ Мартин Клинчаров

По официјално упатената реакција од страна на редакцијата на ЕКИПА за крајно непримерниот однос на, сега веќе и сосема извесно, самозамислениот координатор во ракометната репрезентација Мартин Клинчаров, денеска со одговор се огласи Ракометната федерација на Македонија која се огради од индивидуалниот, изолиран и личен испад кон нашата новинарка.

Од РФМ, притоа се извинуваат за односот на поединци, со дополнителна информација и дека лицето Мартин Клинчаров е всушност само времено ангажирано во македонската селекција, на барање на селекторот, без никаков формален статус во РФМ. А, финалното дефинирање на стручниот штаб на репрезентацијата ќе биде реализирано во првата половина од месец септември во договор меѓу раководството на РФМ, селекторот и спортскиот директор.

Одговорот од страна на Ракометната федерација на Македонија до нашата редакција ви го пренесуваме во целост:

RFM 1

 

RFM 2

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.