РФМ го објави списокот на ракометарки за двомечот со Исланд - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

РФМ го објави списокот на ракометарки за двомечот со Исланд

Ракометната федерација на Македонија го објави списокот на повикани ракометарки за женската ракометна репрезентација, иако во моментот нема селектор на оваа селекција. На списокот се наоѓаат 18 ракометарки, плус две имиња во резерва, кои ќе треба да се јават на завршните подготовки за двомечот против Исланд, во квалификациите за Светското првенство во 2015 година. Собирот е закажан за 27 ноември во Скопје, кога ќе биде извршен и првиот тренинг во СРЦ „Кале“, со почеток во 18.30 часот.

Досегашниот селектор Ристо Магдинчев доби отказ по двата неочекувани порази на женската ракометна репрезентација од селекцијата на Италија, која важеше за голем аутсајдер во дуелите со нашата селекција. Овој список на ракометарки, како што информираат од РФМ за ЕКИПА, го составил помошникот на Магдинчев, Благоја Весиќ.

Допрва, во наредните неколку дена, се очекува да биде именуван нов селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ

ГОЛМАНИ
1. Антиќ Наташа ЖРК МЕТАЛУРГ
2. Петкoвска Драгана ЖРК ВАРДАР СЦБТ
3. Зафирoва Ивана БУРСА ГКС-ТУРЦИЈА
КРИЛА
4. Саздoвска Јована ЖРК МЕТАЛУРГ
5. Митрoва Драгица ЖРК МЕТАЛУРГ
6. Ристoвска Сара ЖРК МЕТАЛУРГ
БЕКОВИ
7. Јoванoвска Дајана ЖРК МЕТАЛУРГ
8. Керамитчиева Теoдoра ЖРК ВАРДАР
9. Белеска Андреа ЖРК МЕТАЛУРГ
10. Ѓорѓиевска Душица МУРАТ ПАША БЕЛ -ТУРЦИЈА
11. Гроздановска Симона ПАОК САЛОНИКА- ГРЦИЈА
12. Десподовска Зорица МУРАТ ПАША БЕЛ-ТУРЦИЈА
13. Штериова Марија РК ИПРЕС ВАЦ- УНГАРИЈА
14. Ѓорѓиевска Елена РК БАЈА МАРЕ-РОМАНИЈА
15. Стојановска Симона ЖРК ВАРДАР СЦБТ
ПИКЕРИ
16. Мечевска Робертина РК АНКАРА 1910 – ТУРЦИЈА
17. Николиќ Марија ЖРК МЕТАЛУРГ
18. Гакидова Ивана ЖРК ВАРДАР СЦБТ
РЕЗЕРВИ
Ливриниќ Елена ЖРК МЕТАЛУРГ
Николовска Симона ЖРК МЕТАЛУРГ

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.