РЕСПЕКТ! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

РЕСПЕКТ!

РЕСПЕКТ за најдобрите македонски фудбалери! РЕСПЕКТ за Чедомир Јаневски и неговиот стручен штаб! РЕСПЕКТ за Пандев, за Ибраими, за Новески, за сите останати, од голманите Пачовски и Богатинов, па се до Мирко Ивановски. 
 
Одиграа одличен натпревар на арената „Филип Втори“, ја прегазија Данска (3-0). Фрлете еден поглед на листата на ФИФА, Данците се 23-та фудбалска сила во светот, што дава уште поголемо значење на првиот триумф на „црвено-жолтите“ во 2013 година. 

Но, за да бидеме „црвено-жолта“ армија, потребен е и полн стадион. Потребна е онаа поддршка што ја имаат ракометарите, кошаркарите, онаа позната „Фаланга“, со која нашите спортисти се многу посилни на теренот. 
Не е важно кој е противникот, треба да се навива за својата репрезентација, да се бодрат фудбалерите, да се заборави и на националностите. Сите тие играат за Македонија, со срце и со душа, „гинат“ на теренот за нашето знаме и за нашите црвено-жолти бои!
 
Е, тука, Вие – навивачите, треба да покажете многу повеќе респект! 
  
Кон Агим Ибраими, кон Ферхан Хасани, кон сите останати. Да се искоренат националистичките слогани упатени кон „шиптарите“, затоа што кога игра Македонија, тогаш сите се Македонци!  
 
Пандев му додава на Ибраими, тој му ја враќа назад, топката оди кон Тричковски, па потоа кон Јаховиќ. Тука е и Демири, одлично се согласува со Глигоров, со Тасевски, Лазевски, Новески, Грнчаров… 
 
Нема двоење, тие се репрезентација на Македонија! Сите ние – навивачите, кои голем дел доаѓаме и со гратиси на стадион, треба да ги почитуваме, да ги бодриме, да ги славиме! Во спротивно, запрашајте се, зошто ли доаѓаме?! Тука не игра ниту Вардар, ниту Шкендија, ниту Пелистер, Брегалница, Турново… 
 
Поддршка, секако, заслужува и голманот Мартин Богатинов. Погреши со Хрватска, но животот оди понатаму. И тој секогаш го сака најдоброто, кога игра во националниот дрес. 
 
Македонија ја прегази Данска со 3-0! Респект! Секоја чест – за фудбалерите, за Јаневски, за стручниот штаб!
 
Навивачите дефинитивно треба да научат што е респект, затоа што со навреди и скандирања, се фрла дамка на македонскиот репрезентативен фудбал!  Навивајте за Македонија, но не преку Фејсбук и на интернет, туку на стадион, со грло и песна, со позитивна мисла, да им се даде дополнителна енергија на тие што се долу на теренот. 
 
Запомнете, РЕСПЕКТ!          

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.