Реприза на Вимблдон: Квитова подобра од Бушар во финалето во Вуан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Реприза на Вимблдон: Квитова подобра од Бушар во финалето во Вуан

Петра Квитова ја потврди одличната форма во вториот дел од 2014 година, успевајќи да се закити со трофејот на турнирот во Вуан. Таа знаеше да го искористи повлекувањето на Серена Вилијамс, како и прераната елиминација на Марија Шарапова, па во денешното финале за ривал ја имаше Канаѓанката Бушар, која ја совлада со максимални 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Идентично како и на финалето од Вимблдон, Бушар одново немаше одговор за доминантниот настап на Квитова, па чешката тенисерка уште во првиот гејм стигна до брејк, најавувајќи ја својата добра партија. Откако рутински го доби првиот сет со 6-3, Квитова ја искористи повредата на прстот што Бушар ја заработи на стартот од вториот сет, па стигна до водство од 5-2. Канаѓанката за момент се врати намалувајќи на 5-4, но Квитова не дозволи нов брејк на противничката, добивајќи го финалето со конечни 6-3, 6-4.

Со овој триумф Петра Квитова и официјално си обезбеди своето место во завршниот ВТА турнир што ќе се одржи во Сингапур, на кој веќе се пласираа Серена Вилијамс, Марија Шарапова и Симона Халеп.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.