Реми на Вардар, Турново нов лидер - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Реми на Вардар, Турново нов лидер

Вардар повеќе не се наоѓа на чело на прволигашката табела, откако „црвено-црните“ одиграа само 1-1 против Металург и му го препуштија првото место на табелата на составот на Турново, кој што го доби мечот со Напредок со минимални 1-0. „Вардарци“ се најдоа во негатива од еден гол откако Далчески со удар од дваесетина метри го матираше домашниот голман. Резултатот беше израмнет на самиот почеток од второто полувреме, кога Петров се најде очи в очи со Павловиќ, гостинскиот голман успеа да одбрани, но одбиената топка стигна до Маневски кој ја смести во мрежата на „металурзите“. Лесно можеше да се случи Маневски да постигне и втор гол и да направи целосен пресврт на овој дерби натпревар, но напаѓачот на „вардарци“ не успеа да постигне и втор гол иако два пати излезе очи в очи со гостинскиот чувар на мрежата. 

 

Од ваквиот развој на настаните најмногу профитираше составот на Турново, кој што славеше со 1-0 над Напредок и се искачи на првото место на табелата „Турновци“ стигнаа до триумф благодарение на погодокот на Блажевски од пенал во 76. минута, шеста победа за оваа екипа сезонава.

 

Шкендија се врати од негатива од два гола на гостувањето против Дрита, успевајќи да се избори за бод на овој натпревар. Тимот на Артим Шакири се наоѓаше на работ на бездната, но сепак успеа да спаси бод со головите на Таипи и Баснарков (автогол).

 

Силекс со два гола во првото полувреме стигна до лесна победа над Пелистер од 2-0, додека Тетекс со голот на Митревски во 89. минута освои бод на мечот со Работнички (1-1). 

 

Резултати 10. коло:

Дрита – Шкендија 2-2,
Силекс – Пелистер 2-0, Тетекс – Работнички 1-1, Вардар – Металург 1-1, Турново –
Напредок 1-0, Ренова – Брегалница 2-0.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.