Реха: Не е Работнички слаб, ние сме силни - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Реха: Не е Работнички слаб, ние сме силни

 Реха: Не е Работнички слаб, ние сме силни

Шефот на стручниот штаб на Лацио, Еди Реха, оцени дека
Работнички не е толку слаб противник, како што тоа го отсликува резултатот
(6-0) на првиот дуел на „Олимпико“. Тој вели дека едноставно неговиот тим
одиграл фантастично и не му оставил на Работнички ниту тронка надеж дека може
да размавне на стадионот во Рим.

– Задоволен сум од победата. Но, немојте да
мислите дека Работнички е толку слаб тим, едноставно ние бевме премногу силни и
не им дозволивме на гостите да одиграат онака како што знаат и умеат. Пред
натпреварот во соблекувалната, ги замолив фудбалерите да внимаваат на можните
изненадувања од контранапади и побарав од нив да одиграат максимално сериозно и
одговорно. Апсолутно сум задоволен, затоа што одговорија на сите мои барања –
изјави Еди Реха, тренерот на Лацио, по дуелот со Работнички.

Шефот на „лацијалите“ ја потенцираше и одличната игра на
новиот напаѓачки тандем Сисе-Клосе.

– Џибрил Сисе е фантастичен напаѓач и тој
едноставно не се задоволува се додека не постигне погодок на натпреварот. Од
друга страна, Клосе покажа и дека му е драго да асистира и мислам дека тие
двајца ќе бидат одличен тандем на Лацио во новата сезона – дополни Реха.               

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.