Реал Мадрид почна со „шестка“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Реал Мадрид почна со „шестка“

Реал Мадрид фантастично ја отвори новата сезона во Примера Дивизион, откако славеше убедлива победа на гостувањето кај Сарагоса со 0-6. Севилја ја совлада реновираната Малага (2-1), а Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид освоија само по еден бод во дуелите со Рајо Валјекано, односно Осасуна.

 

Серијата голови за „кралевите“ ја отвори Кристијано Роналдо во 24 минута, кој веднаш најави дека и оваа сезона ќе биде расположен за уривање рекорди. До крајот постигна уште два погодоци, заокружувајќи ја средбата со хет – трик. Вториот погодок за Реал Мадрид беше дело на Марсело, а убав погодок од далечина постигна Чаби Алонсо на почетокот од вториот дел. Во завршницата и нововлезениот Рикардо Кака покажа дека не заборавил да игра фудбал и ја затресе мрежата на Сарагоса. „Кралевите“ броеја до шест и најавија дека се подготвени да се борат за круната со Барселона.

 

Севилја на домашен терен го расклати „проектот Малага“ во кој новите газди вложија навистина огромни финансиски средства. Негредо беше двоен стрелец за домашните, а почесниот погодок за Малага го постигна Казорла.

 

Атлетик Билбао ја прокоцка предноста на „Сан Мамеш“ против новакот во елитното друштво, Рајо Валјекано (1-1). Мајорка го совлада Еспањол со 1-0, Хетафе и Леванте ремизираа (1-1), а Атлетико Мадрид и Осасуна во пладневниот термин одиграа без голови.       

 

     

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.