Раул Гонзалес: Одигравме одлично, горд сум на моите играчи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Раул Гонзалес: Одигравме одлично, горд сум на моите играчи

Раул Гонзалес: Одигравме одлично, горд сум на моите играчи

Раул Гонзалес има многу причини да биде задоволен како вардарци ги реализираат на дело неговите тактички замисли. Европскиот шампион првиот дел од сезона во кој ја брани европската титула, го завршува без пораз, со осум победи и две нерешени средби. Во последниот меч пред зимската пауза во ЛШ, „црвено-црните“ ставија точка на оваа исклучително успешна година со највисоката победа од 16 гола разлика против шведскиот Кристијанштад и се зацементираа на лидерската позиција во групата А.

Пресреќен сум за оваа победа. Тешко е да се игра против Кристијанштад, знаеме какви проблеми имавме лани со нивната брза игра. Ја проучивме нивната игра, од нивните натпревари со Барселона и со Сегед. Со оваа победа ситуацијата во групата е многу добра. Ние сме на прво место, задоволни сме. Одигравме одлична одбрана, која посебно се истакна денес од цела сезона. Функционираше и нападот и контранападот, па дојдовме до триумф. Моите играчи дадоа се од себе и горд сум на нив“ – изјави Раул Гонзалез.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.