Распоред на настапите на македонските олимпијци: Во понеделник следна е Богдановски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Распоред на настапите на македонските олимпијци: Во понеделник следна е Богдановски

Распоред на настапите на македонските олимпијци: Во понеделник следна е Богдановски

По денешниот прв настап на стрелачката Нина Балабан, уште пет македонски олимпијци остануваат во очекување на своите настапи на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро. Балабан во квалификациите на 10 метри-воздушна пушка, заврши со под своите можности 407,7 круга, на 42. место од 51 натпреварувачка.

Следна која ќе се појави на арените на ЛОИ во Рио е пливачката Анастасија Богдановски која во понеделник (8. август) од 18:30 часот, по македонско време, ќе плива во квалификациите на 200 метри слободно.

Потоа, согласно програмата, на 9. август од 15 часот во квалификациите во џудо, во категоријата до 63 килограми, ќе се појави Александра Николовска.

Пливачот Марко Блажевски ќе се натпреварува на 10. август од 19:30 часот, по македонско време, во дисциплината 200-метри мешано.

И последни, ќе бидат атлетичарите. Најпрво на 13. август, од 14:30 часот, Ристе Пандев во квалификациите на 100 метри, а потоа на 16. август, од 02:30 часот, и Дрита Исљами во квалификациите на 400 метри со пречки.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.