Ракометарите со подмладена селекција во Мерсин - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ракометарите со подмладена селекција во Мерсин

Филип Лазаров и Стојанче Стоилов се двајцата најискусни ракометари кои ќе бидат предводници на македонскиот национален тим на претстојните Медитерански Игри што ќе се одржат во турскиот град Мерсин. Селекторите Андон Бошковски и Данило Брестовац денеска го соопштија својот список од 17 ракометари, на чии услуги ќе сметаат на претстојното натпреварување. 

 

Стоилов и Лазаров во последните неколку години се стандардни и во сениорскиот национален тим, па ќе се очекува своето искуство да го пренесат врз помладите ракометари, кои се во значителен број на списокот на Бошковски и Брестовац. Прв голман би требало да биде Златко Даскалоски од Вардар про, а се очекува носители на играта покрај Стоилов и Лазаров да бидат и Левов од Металург, како и Никола Маркоски и Гоце Ојлески од Вардар про. 

  

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА НАСТАП НА МИ МЕРСИН 2013

1. Никола Маркоски – ВАРДАР ПРО

2. Стојанче Стоилов – ВАРДАР ПРО

3. Ојлески Гоце – ВАРДАР ПРО

4. Левов Милан – МЕТАЛУРГ

5. Златко Даскалоски – ВАРДАР ПРО

6. Филип Лазаров – ВАРДАР ПРО

7. Мартин Манасков – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

8. Дарко Георгиевски – КУМАНОВО

9. Филип Талевски – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

10. Милорад Кукоски – ВАРДАР ПРО

11. Жарко Пешевски – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

12.  Градимир Чаневски – ВАРДАР ПРО

13. Бојан  Маџоски – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

 14. Дејан Пецакоски – МЗОМИМАК

 15. Борјан Маџоски – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

 16. Влатко Јовчевски – ВАРДАР ПРО

 17. Никола Костески – МЕТАЛУРГ ЈУНИОР

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.