Рајковиќ: МЗТ е доволно голем за да победува и без помош - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Рајковиќ: МЗТ е доволно голем за да победува и без помош

Во таборот на Работнички владееше разочарување по вечерашниот убедлив пораз во првиот финален натпревар против МЗТ Скопје. Тимот од „Градски парк“ во првите петнаесетина минути делуваше дека е способен да приреди изненадување, но потоа дојде до значителен пад кај избраниците на Рајковиќ, што беше беспоштедно казнето од страна на шампионите.

Во првите четвртина и пол игравме токму онака како што сакавме, темпото беше онакво какво што посакувавме и му создаадовме многу проблеми на МЗТ Скопје. Потоа дојде до мала криза, што надополнета со неколку чудни одлуки беше причина на одмор да заминеме со негатива. Противникот го отвори одлично второто полувреме, заигра агресивно во одбраната и ни создаде многу поголеми проблеми. Од друга страна, ние наместо тимски инсистиравме на индивидуални акции, што никако не може да вроди со плод против ривал каков што е МЗТ“ – изјави шефот на стручниот штаб на Работнички.

Тој даде свој коментар и за арбитражата и на неколкуте одлуки кои донесоа и да дојде до пресврт во втората четвртина.

За да се игра егал и да се има шанса да се победи МЗТ Скопје, мора да се игра безгрешно, најблизу до перфекција. Сепак, ако на нашите дуели влијаат и надворешни фактори, тогаш задачата да стигнеме до победа ни се сведува на невозможна мисија. Не би ги посочил судиите како главни виновници за нашиот пораз вечерва, но би порачал дека МЗТ Скопје е наивистина силен тим и е доволно голем за да победува и без помош од надвор“ – порача Рајковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.