Рајковиќ: Ќе оставиме срце на терен за победа - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Рајковиќ: Ќе оставиме срце на терен за победа

Работнички е подготвен за дерби-дуелот со МЗТ Скопје, во кој ќе се обиде да го изненади актуелниот шампион. Во таборот на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив најавуваат дека ќе дадат се од себе за да стигнат до посакуваниот триумф и да продолжат со одличните резултати од оваа сезона, во која претрпеа само еден единствен пораз во досегашниот тек од Првата лига.

Тоа е натпревар во кој се будат многу страсти, се повикуваме на историјата, на многу убави моменти за нашиот клуб. МЗТ е голем фаворит, знаеме дека игра во натпреварувачки ритам со сериозни противници од АБА-лигата, а згора на тоа игра на домашен терен. Сепак, Работнички како и секогаш ќе го остави срцето на терен за да се стигне до посакуваната победа. Дефиницијата за успех е секогаш кога ќе излезеш на терен да го дадеш најдоброто од себе. Се надевам дека навивачите на двата тима ќе бидат на посакуваното ниво, исто така и судиите, за кои искрено се надевам дека нема да подлегнат под евентуалните притисоци“ – изјави тренерот Емил Рајковиќ.

„Металците“ во меѓувреме се соочуваат со проблеми околу повредите на неколку играчи, но Рајковиќ не смета дека тоа ќе биде преголем плус за неговиот тим. Воедно, стратегот на Работнички очекува во преден план одново да излезат домашните играчи на МЗТ, иако тоа не беше случај на последните натпревари од АБА-лигата.

Јас не мислам дека МЗТ е ровит бидејќи има многу играчи за да надополни сечие искуство. Нивниот дуел со Раднички Крагујевац беше за едно ниво повисок од оние во домашното првенство, главната нивна предност е во тоа што секоја седмица играат со квалитетни противници. Кога ги анализирате нивните средби, нивото е повисоко, дуелите се поцврсти, тоа ќе биде нивната главна предност за нив. Мислам дека во Супер-лигата играчите ќе излезат во преден план, тука пред се мислам на Гечевски, Чековски и Дамјан Стојановски. Можеби тоа не беше случај во АБА, но сметам дека овие тројца ја знаат атмосферата на дерби мечевите и знаат што е потребно за да го понесат тимот кон позитивен резултат. Што се однесува до нивните странци, сметам дека не се толку моќни за ние да немаме решение за нив“ – истакна Емил Рајковиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.