Рајковиќ доби можност за одмазда: Работнички против Фени во Купот на Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Рајковиќ доби можност за одмазда: Работнички против Фени во Купот на Македонија

Во просториите на СЦ
„Борис Трајковски“ попладнево беше извршена ждрепката за фајнал-ејт турнирот од
завршницата на националниот куп на Македонија, кој ќе биде на програмата од 28
до 31 март. Најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу Фени индустри и
Работнички, два клуба што ќе атакуваат на трофејот во ова натпреварување. Воедно,
Емил Рајковиќ доби можност да му се одмазди на својот поранешен клуб за
поразот на прволигашкото деби на клупата на Работнички.

 

Пред се, не се сомневам
дека овој настан ќе биде добро организиран бидејќи „Борис Трајковски“ е одличен
објект кој ќе обезбеди беспрекорни услови за сите клубови. Ждрепката сакаше најпрвин
да играме со Фени, а потоа победникот од овој меч да игра со МЗТ, се наоѓаме во нешто потешкиот дел од костурот, но купот е
такво натпреварување да мора да победиш три натпревари во низа за да ја
оствариш крајната цел – да стигнеш до трофејот. Имаме респект за сите, но не
стравуваме од никого, очекувам да одиграме квалитетен меч против Фени
“ – изјави
Емил Рајковиќ.

 

МЗТ Скопје имаше доста
среќа и во четвртфиналето ќе игра со Струмица, но бранителот на трофејот ќе има
многу потешка задача во полуфиналето, кога ќе се сретне со подобриот од дуелот
Фени – Работнички. Интересна битка се очекува и в петок, на пресметката меѓу Куманово
и Лирија, додека Кожув важи за фаворит на пресметката со Вардар.

 

МКФ се договори
организатор на овој спортски спектакл да биде токму СЦ „Борис Трајковски“, од
каде најавија дека ќе дадат се од себе да бидат одлични домаќини на завршниот
турнир.

 

Ни претставува огромно
задоволство да бидеме главни организатори на националниот Куп. Иако трет пат се
одржува во оваа арена, прв пат ние сме главни организатори, ќе дадеме свој
максимум за да ги кренеме сите нормативи за домаќини на еден ваков настан. Би
посакал да победи најдобриот тим, а ние ќе ги искористиме сите свои ресурси и
капацитети за да ги задоволи вкусовите на спортистите и на публиката
’ – изјави директорот
на СЦ „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски.

 

Четвртфиналните средби
ќе се играат на 28 и на 29 март со почеток во 18 часот и во 20.30 часот.
Влезниците ќе чинат по 120 денари, од кои 20 денари ќе одат на сметката на
Домот за деца без родители „11 октомври“. Финалниот натпревар ќе се игра в
недела во 19 часот, а цената за мечот за трофејот ќе изнесува 150 денари.

 

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Четврток

МЗТ Скопје – Струмица

Фени индустри –
Работнички

Петок

Лирија – Куманово

Вардар – Кожув

 

ДВОЈКИ ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

МЗТ/Струмица – Фени/Работнички

Лирија/Куманово –
Вардар/Кожув

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.