Радичевиќ: Машките екипи на Вардар, спаринг-партнери за Будуќност - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Радичевиќ: Машките екипи на Вардар, спаринг-партнери за Будуќност

Јованка Радичевиќ со нетрпение го очекува полуфиналниот дуел против Будуќност, во кој црногорската репрезентативка против себе ќе ги има дел од своите колешки од националниот тим. Токму Радичевиќ е еден од главните адути на ЖРК Вардар на претстојниот фајналфор турнир, со оглед на фактот дека таа влегува во натпреварувањето во Будимпешта како актуелна европска шампионка, по ланскиот успех во дресот на Ѓер.

Не верувам дека ќе дојде до некои позначајни тактички изненадувања, имаме одиграно неколку средби против Будуќност сезонава и не постојат тајни меѓу двата клуба. Секако, влогот сега е многу поголем отколку во регионалното натпреварување, но повторно ќе одлучат нијанси. Тимот што ќе биде потрпелив и повнимателен во своите напади ќе има повеќе шанси да се радува на крајот. Се надевам дека тоа ќе биде Вардар“ – вели Радичевиќ во интервју за црногорските медиуми.

Воедно, одличната крилна ракометарка открива и дека „вардарки“ користеле машки тимови како спаринг-партнери, за да се подготват за цврстата одбрана на Будуќност.

Будуќност цела сезона игра добро во континуитет. Тоа е екипата што примила најмалку голови во досегашниот тек од ЛШ, но тоа не е нималку чудно ако се знае дека тренерот Драган Аџиќ најмногу од се инсистира на цврста одбрана. Ние веќе цел месец се подготвуваме за овој меч, за агресивната игра на Будуќност, за туркањето на нашиот пивот… имавме и проверки со машките екипи на Вардар и ми се чини дека се оди како што треба“ – истакнува Јованка Радичевиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.