Работнички стартуваше убедливо, Водњански лисици лесен залак - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Работнички стартуваше убедливо, Водњански лисици лесен залак

Работнички, еден од најсериозните кадидати сезонава за титулата  во новата сезона влезе со висока победа, откако слваше на гостувањето во својата сала, “Градски парк” против Водњански лисици 55-91 (13-27,  18-20, 7-19,  17-25). Со денешната победа, која беше очекувана, избраниците на Докузовски иако сепак вечерашниот противник не е вистинско мерило, јасно ги истакнаа своите амбиции сезонава, а тоа е петнаесетата шампионска титула.

Нашиот најтрофеен клуб кој практично на денешното гостување играше на домашен терен, со оглед на тоа што салата “Градски парк” е пријавена и како домашен терен на Водњански лисици, убедливата победа ја најави уште во првата четвртина која ја доби со двоцифрена разлика (13-27).

gecevski i cekovski na klupa

Единствено во вториот период, домашната екипа на вечерашниот натпревар, Водњаски лисици успеа до некаде да му парира на фаворитот, иако ја загуби четвртината минимално (18-20), за да на полувремe Работнички замине со висока предност од  26 поени (21-47).Во второто полувреме, избраниците на Докузовски само рутински го одработеa натпреварот, сведуваjќи го на убедлива победа од 36 поени (55-91).

Најефикасен во победничката екипа на денешниот дуел беше Ѓорѓи Чековски со 22 поени, додека Димитар Мираковски нанижа 16 поени, погодувајќи четири тројки. Тодор Гечевски постигна 12 поени, еден повеќе од Игор Бјелиќ кој постигна 11 поени. Во поразената екипа, единствено Петар Николиќ постигна двоцифрен број на поени, осумнаесет.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.