Работнички против Торус во четвртфиналето од Купот на Македонија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Работнички против Торус во четвртфиналето од Купот на Македонија

Торус СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на завршниот турнир во јубилејното 20. издание од кошаркарскиот Куп на Македонија. Амбициозниот скопски прволигаш беше единствениот клуб што испрати понуда за организација на овој турнир, па со сума од 400.000 денари се здоби со правото да биде домаќин во спортската арена „Борис Трајковски“, од 23 до 25 март. 

 

Интересно е што токму Торус како домаќин доби и најтежок ривал во четвртфиналето, ако се знае дека Работнички ќе биде тимот што избраниците на Марјан Србиновски ќе мораат да го совладаат доколку сакаат да се пласираат во полуфиналето. Ждрепката беше полудиригирана, па првите четири екипи од табелата не можеа да се сретнат меѓу себе. Јасно беше дека Работнички е тимот што секој ќе сака да го избегне, но Торус ја имаше таа (не)среќа својата виза за полуфинале да мора да ја бара токму во пресметката со најтрофејниот македонски клуб. 

 

МЗТ Скопје важи за тотален фаворит во дуелот со Вардар, особено ако се земат во предвид заминувањата на Штерјов и Радуловиќ од таборот на „црвено-црните“ непосредно пред почетокот на Сулер-лигата. Подобриот од овој меч за ривал во полуфиналето ќе го има подобриот од пресметката меѓу Торус и Работнички.

 

Во вториот дел од костурот Фени индустри за противник го доби Кожув, а многу интересен се очекува да биде мечот меѓу Лирија и Куманово, особено по инцидентите што се случија на последниот меч меѓу овие два тима во населбата Сарај. Само за потсетување, актуелен бранител на трофејот е екипата на Работнички, која на патот до ланската титула најпрвин го совлада Фени индустри, а потоа и вечниот ривал МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.