Работнички потпиша со Јане Петровски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Работнички потпиша со Јане Петровски

Јане Петровски е нов член на Работнички. Оваа информација од денеска е и официјализирана, откако одличниот плејмејкер реши да ја прифати понудата на клубот од „Градски парк“ и го стави својот потпис на договорот со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Работнички беше во потрага по елитен плејмејкер веднаш по повредата на Димитар Мираковски, по што експресно ги почна преговорите со Петровски. Долгогодишниот капитен на МЗТ Скопје токму поради лојалноста кон својот поранешен клуб долго се колебаше дали да ја прифати понудата за соработка со Работнички, за на крајот да пресече и да потпише договор со овој клуб. 
 
Презадоволен сум што успеавме да го доведеме Јане Петровски, кој е еден од најдобрите плејмејкери во нашата лига во последните неколку години. Тој беше наш прв избор како замена за Мираковски и пресреќен сум што преговорите завршија успешно и што Петровски ќе биде дел од нашиот тим сезонава“ – изјави тренерот на Работнички, Марјан Србиновски за „ЕКИПА“. 
 
Екипата на Работнички е без победа во првите три кола од новата сезона, па јасно е дека со ангажманот на Петровски ќе се крене моралот во тимот, во обид веќе в сабота на дуелот со АБА Струмица да се стигне до првиот триумф. 
 
Јане вели дека е подготвен бидејќи во изминатиот период напорно тренирал. Останува во следните неколку дена да работи со останатиот дел од тимот, да се вклопи во нашите разработени акции и доколку се биде во најдобар ред, тој би требало да дебитира за Работнички веќе на следниот меч, против Струмица“ – истакна Србиновски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.