Работнички и Пелистер од „нула“ во битка за четвртфинале во Купот (14:30ч.) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Работнички и Пелистер од „нула“ во битка за четвртфинале во Купот (14:30ч.)

Работнички и Пелистер денеска од 14:30 часот треба да го одлучат претпоследниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија. И двете екипи од „нула“ ќе ја почнат средбата на националната арена „Филип Втори“ по ремито без голови во Битола, но останува фактот дека Работнички носи извесна фаворитска улога пред се поради формата во која се наоѓа последниот период.

Токму трите последни победи во шампионатот се дополнителен мотив за четата на Игор Ангеловски за пласман и во следната рунда од најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Секако силна е желбата да дојдеме до победа и пласман во следната фаза од Купот на Македонија. Пелистер воопшто не е наивен противник, но со игрите во досегашниот дел од сезоната јасно покажа дека има капацитет за надигрување буквално со секој противник. И ова ќе биде еден тежок натпревар, кој може да го одлучај нијанси, но ние секако со максимален ангажман ќе се обидеме да дојдеме до зацртаната цел“ – вели искусниот Милан Илиевски.

Од друга страна, „пелистерци“ во Скопје доаѓаат желни за реванш за минатосезонската елиминација од Работнички. И покрај тоа што психолошката предност и домашниот терен се на страна на „романтичарите“, битолчани и тоа како се носени од амбицијата за пласман понатаму.

„Ќе биде тежок натпревар, во тоа нема сомнение. Но, шансите за пласман понатаму се сосема еднакви. Се лажат од Работнички ако мислат дека лесно ќе ја завршат својата задача. И нашата цел е пласман во четвртфиналето“ – вели голманот на Пелистер, Горан Пашовски.

Шефот на стручниот штаб, Марјан Секуловски најголеми проблеми околу креирањето на составот има со одбраната, со оглед на повредата и на Менде Степаноски.

Последниот патник во четвртфиналето од Купот ќе биде одлучен утре по пресметката на „Филип Втори“ меѓу Вардар и Шкендија која е закажана од 15 часот. Првиот натпревар во Тетово заврши со победа на Шкендија од 2-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.