Работнички брка прва победа на Чаир... Шкупи, пак, верува во свој триумф! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Работнички брка прва победа на Чаир… Шкупи, пак, верува во свој триумф!

Работнички брка прва победа на Чаир… Шкупи, пак, верува во свој триумф!

Екипата на Работнички верува дека може да дојде до првиот триумф сезонава, и тоа на гостувањето против Шкупи на Чаир во денешното 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По двете претходни ремија, а со оглед на и на одложениот натпревар против Вардар од 2. коло, „романтичарите“ сега на секогаш незгодниот терен во Чаир ќе се обидат да дојдат до првиот триумф.

„По двете ремија на стартот од првенството, одиме на победа на Чаир. Ќе биде тешко, на Чаир не се освојуваат бодови така лесно, но ние веруваме во нашите можности и ќе дадеме се од себе за да оствариме позитивен резултат. Имаме респект за Шкупи, тоа е тим кој игра посебно добро пред своите навивачи, ама верувам дека на крајот ќе се радуваме доколку ги исполниме задачите на шефот на стручниот штаб Виктор Треневски. Овој период на репрезентативна пауза го искористивме максимално, за да се вклопат новите фудбалери кои дојдоа ова лето и да се воиграме подобро. Сепак, прволигашките натпревари се вистинското мерило каде ќе треба да се покажеме во најдобро светло“ – вели капитенот на Работнички, Душко Трајчевски.

Шкупи по три одиграни кола се наоѓа на последното, 10.место на табелата, со еден освоен бод. И чаирчани веруваат дека може да дојдат денеска до нови бодови…

„Знаејќи го противникот мислам дека ќе биде израмнет натпревар, во кој победникот може да биде одлучен само со еден гол. Но, ние сме подготвени за надигрување. Мислам дека дојде време и на наше славје. Силно веруваме дека може да дојдеме до победата пред нашите навивачи“ – вели офанзивецот на Шкупи, Кристијан Стојкоски.

Главен судија на мечот ќе биде Марјан Маркоски од Охрид, а ќе му помагаат Ацо Мацески и Разме Бакрачески.

ДВОЈКИ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ

ВЧЕРА

ВАРДАР – СИЛЕКС 3-1

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.