Психолошката подготовка на нашите спортисти и тоа како важна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Психолошката подготовка на нашите спортисти и тоа како важна

Неопходноста од психолошка подготовка на македонските
спортисти за домашните, но пред се и за големите меѓународни предизвици
дефинитивно е тема која е повеќе од значајна за нас, а на која активно треба да
и се посвети домашната спортска јавност.

 

Малку внимание, дури и во врвниот спорт на домашната сцена
се посветува на психологијата кај спортистите, па токму поради тоа, и тоа како
е значајно активирањето на терапевтскиот центар „Еквилибриум“ во Македонија,
воден од д-р Вера Типко а кој, меѓу останатите свои психолошки пакети нуди
целосна ментална подготовка на нашите професионални спортисти за врвни
достигнувања.

 

 

 

„Оваа
конгнитивна-бихејвиорална терапија за спортистите поаѓа од фактот дека е
неможно да се замисли ниту една спортската активност без активно учество на конгнитивните
елементи, односно без размислување, носеење заклучоци, сопствена интерпретација
на одработеното. Оваа терапија вклучува проучување на самодовербата,
очекувањата, увереноста во сопствените вредности, ориентираност кон целта, или
со еден збор – внатрешна мотивираност“
– вели д-р Вера Типко.

 

Психологијата во спортот ги проучува сите облици и
содржини на физичката култура, како и однесувањето на спортистите во неа. Целта
на психологијата е да ги опише, објасни, предвиди и контролира тие однесувања а
со тоа да се овозможи насочување на личната и спортската компетентност.

 

Единствената цел за постигнување на што подобри резултати
на спортските терени во терапевтскиот центар „Еквилибриум“ се постигнува со
техники и методи на релаксација и изометричка мускулна релаксација,
визуелизација на успехот, одржување на фокусот (јакнење на концентрацијата),
емотивна контрола, зголемување на самодовербата, поттикнување на рационални и
позитивни мисли и јакнење на кохезијата.

 

Во терапевтскиот центар нудат индивидуални пакети на
специјално дизајнирани психолошки техники, но и групни психолошки пакети за
професионалци прилагодени во договор со спортскиот тренер. Паралелно се нудат и
психолошки пакети пред натпревар кои ја зајакнуваат изведбата на спортистот на
самиот натпревар.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.