Контроверзна изјава: „Македонија е лулка на бугарскиот фудбал!“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Контроверзна изјава: „Македонија е лулка на бугарскиот фудбал!“

Контроверзна изјава: „Македонија е лулка на бугарскиот фудбал!“

Првиот човек на Славија Софија, Венцислав Стефанов, по двете победи во стартните кола од бугарскиот шампионат, даде контроверзна изјава, во која ја споменува Македонија. Тој тврди дека Македонија е лулка на бугарскиот фудбал.

„Моето потекло е македонско, па ги сакам сите тимови од југозападна Бугарија. Јас го  сакам Пирин кој за мене е лулка на многу бугарски фудбалери, а сметам дека исто за мене Македонија е лулка на бугарскиот фудбал. Да не ги заборавиме  Бербатов, Мурлев, Бараката”- изјави за тамошните медиуми, Венцислав Стефанов.

Кога сме кај Славија Софија, во овој клуб низ историјата настапувале неколку наши фудбалери. Последни Македонци кои го носеа дресот на овој клуб беа Кире Ристевски и Душан Савиќ, а пред десетина години настапуваше и голманот Јане Николовски, кој таму мина две сезони.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.