Прва победа за Брегалница - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Прва победа за Брегалница

Во третото коло од Првата МФЛ, Брегалница Штип стигна и до првата победа. На домашен терен штипјани беа поуспешни од новиот прволигаш Охрид 2004, совладувајќи го со 3-1. Во дуелите од саботната програма триумф славеше и Хоризонт Турново кој со минимален резултат 1-0 ги освои бодовите против 11 Октомври, а Тетекс и Силекс одиграа реми (1-1).

Брегалница во Штип поведе против охриѓани уште во десеттата минута со голот на Велковски, но пред крајот на првиот дел, Димоски (37.) му донесе израмнување на гостинскиот тим. Сепак, во вториот дел, Брегалница притисна и постигна уште два погодоци, преку Вучетиќ (58.) и Велинов (82.).

Херој на Турново на дуелот со 11 Октомври беше играчот од средината на теренот, Митко Мавров (60.), кој го постигна единствениот погодок за минимален триумф од 1-0.

Во Тетово, Тетекс поведе во 31 минута со погодокот на Александар Стојановски, но на самиот почеток од второто полувреме (48.) играчот со исто презиме, но од редовите на Силекс го израмни резултатот.

Утре на програмата се преостанатите три натпревари од третото коло во Првата МФЛ. На „Автокоманда“ силите ќе ги одмерат Металург и Работнички, Шкендија во Тетово ќе го пречека Напредок (16.30 часот), а во вечерен термин (20 часот) на арената „Филип Втори“ ќе играат Вардар и Ренова.      

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.