ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар уште еднаш ја реши Шкендија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар уште еднаш ја реши Шкендија

ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар уште еднаш ја реши Шкендија
РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО…. ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-2)

– Спировски 36’, Николов 73’

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (3-1)

Трајчевски 45’, Ивановски 53’, Сахити 58’ – Мустафа Ламбин 89’

Кочани: БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР (0-0)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (3-1)

Стојковски 45’, Јашаровски 62’(п), 88’ – Гафури 49’

Охрид: ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-1)

Цветаноски 47’ – Јонузи 83’

ТАБЕЛА: Вардар 25 бода, Шкендија(-1) 20, Работнички 19 бода, Пелистер 16, Ренова 15, Силекс 11, Шкупи(-1) 10, Победа 10, Македонија ЃП 9, Брегалница 8 бода.

===========================================================================

КРАЈ И НА ДЕРБИТО ВО ТЕТОВО. Голема победа на Вардар од 0-2 за зацврстување на врвот од табелата!

КРАЈ И НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“. Победа на Работнички од 3-1 против Шкупи

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО КОЧАНИ, КАДЕ БРЕГАЛНИЦА И ПЕЛИСТЕР ОДИГРАА БЕЗ ГОЛОВИ

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (3-1)

3-1 – 89’ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Мустафа Ламбин постигнува погодок за намалување на предноста на Работнички

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (3-1)

3-1 – 88’ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Со голот на Јашаровски, „лавовите“ веќе се пред победа против Ренова

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-1)

1-1 – 83’ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Ваљмир Јонузи, Силекс израмнува против Победа

78’ – ПРОДОЛЖИ НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Без посериозна повреда за Гачевски, кој се враќа на голот на Вардар

Gacevski

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-2)

!!!! – 76’ – ПРЕКИН НА МЕЧОТ ВО ТЕТОВО. Голманот на Вардар, Филип Гачевски погоден со тврд предмет од страна на „Балистите“ кои се веднаш зад голот на Вардар

IMG_5192

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-2)

0-2 – 73’ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. По брз контранапад, Балотели го проигрува нововлезениот Николов кој откосо од левата страна ниско по земја го совладува Захов, за молк на Градскиот стадион во Тетово

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

68’ – И Жуниор во одлична позиција, шутира од 15 метри, но непрецизно

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 62’ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Со голот од пенал на Ален Јашаровски, Македонија ЃП повторни води

IMG_5238

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

58’ – Шкендија притиска. Одлична шанса за Ибраими, но по неговиот обид со глава од 7-8 метри, Гачевски брани од под самата греда исфрлајќи во корнер

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (3-0)

3-0 – 58’ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Со погодокот на Суад Сахити, Работнички веќе води убедливо. Брз противнапад на Работнички, топка доби Сахити, влезе во шеснаесетникот, го мина и истрчаниот Зендели и од десетина метри ја погоди мрежата.

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

57’ – Убава можност за Хасани, се проби по десната страна шутира откосо од 16 метри, но покрај голот на гостите

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

56’ – Добар шут на Хасани од слободен удар од околу 25 метри, но сантиметри покрај левиот дирек од голот на Гачевски

rabotnicki - skupi

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (2-0)

2-0 – 53’ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Со погодокот на Филип Ивановски, „романтичарите“ ја зголемуваат предноста. Брз противнапад по десната страна, топката уфрлена во средината до Елмас, тој ја продолжи лево до Ивановски, а напаѓачот од 12 метри шутира во долниот лев агол и погодува

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 49’ – ГООООЛ ЗА РЕНОВА. Со голот на Гафури гостите доаѓаат до израмнување во Ѓорче Петров

ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 47’ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Со погодокот на Цветаноски, Победа доаѓа до предност на дуелот во Охрид против Силекс

IMG_5254

ПОЧЕТОК НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ ВО ТЕТОВО

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ НА СИТЕ ПЕТ НАТПРЕВАРИ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 45’ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Силјановски испрати центаршут од десната страна, на вториот дирек натрча Трајчевски и со удар со глава ја затресе мрежана на Шкупи

КРАЈ НА ПОЛУВРЕМЕТО ВО ТЕТОВО. Вардар со предност, по шутот на Спировски од слободен удар, и киксот на голманот на домашните, Костадин Захов

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 45’ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Трајче Стојковски во финишот на полувремето, носи предност за „лавовите“ на дуелот со Ренова

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 36’ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Спировски изведе слободен удар од повеќе од 25 метри, катастрофална грешка на Захов кој меѓу раце ја пушта топката во мрежата за водство на гостите

Vardar radost

* ПО 30 МИНУТИ НИТУ ЕДЕН ГОЛ НА ПЕТ НАТПРЕВАРИ ОД 11. КОЛО

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

32’ – Алими се обиде со шут од 25 метри, од чиста позиција непречен од никого, но крајно непрецизно

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

22’ – Елмас се обиде со шут од далечина, но Зендели го брани неговиот удар

* ЦЕЛИ 20 МИНУТИ ИГРА БЕЗ НИТУ ЕДЕН ГОЛ НА ПЕТТЕ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРИ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

19’ – Обид на Глигоров од околу 20 метри, но високо над голот на Захов

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ (0-0)

12’ – Мирно и на дуелот на „Филип Втори“, Работнички се обидува со шутеви од околу 20 метри но без опасност по голот на Шкупи

IMG_5118

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

13’ – Прва вистинска шанса на дербито. Ибраими се најде во одлична можност, но Гачевски го одбрани неговиот шут исфрлајќи во корнер

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР (0-0)

2’ – Први обиди на Шкендија, по корнерот на Ибраими, Алими се обиде со волеј но над голот на Гачевски

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 11. КОЛО ВО ПМФЛ

* Познати се и составите на двата тима за дерби дуелот. Шкендија ќе биде во стандардниот состав, што се однесува до последните натпревари, без суспендираните Бесир Демири и Егзон Бејтулаи, но и без Марјан Радески во нападот.

СОСТАВОТ НА ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Тодоровски, Цуцули, Положани, Вујчиќ, Алими, Хасани, Жуниор, Имери и Ибраими

* Гоце Седлоски во очекуваниот составот за дуелот со Шкендија, со Дарко Глишиќ на левата бековска позиција, а во нападот со младиот Петар Петковски, Којашевиќ и Балотели. Во првиот тим на Вардар, ги нема младинските репрезентативци Велковски и Николов.

СОСТАВОТ НА ВАРДАР: Гачевски, Глишиќ, Грнчаров, Новак, Брдаровски, Спировски, Глигоров, Петковски, Фелипе, Којашевиќ, Балотели.

Tetovo stadion

* Полн стадион во Тетово ги очекува „вардарци“ на дерби пресметката со Шкендија од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.

===========================================================================

Стартуваат натпреварите од 11. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Нова дерби пресметка во македонскиот шампионат. Дуелот на најголемите ривали во првенството, Вардар и Шкендија денеска се игра во Тетово. Интересно ќе биде и на „Филип Втори“, каде Работнички го пречекува Шкупи, а Пелистер гостува на Брегалница во Кочани.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.