Просинечки: „Ретко се раѓаат фудбалери како Панчев“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Просинечки: „Ретко се раѓаат фудбалери како Панчев“

Актуелниот стратег на белградска Црвена Звезда, Роберт Просинечки во интервју за шпански „Ас“ нагласува дека неможно е согласно актуелните финансиски состојби на Балканот денес да се продуцираат така често вистински фудбалски таленти како во деведесеттите година на минатиот век.

 

Хрватскиот тренер потенцира дека не може сега никој ниту во Македонија да очекува да се појави фудбалер од рангот на еден Дарко Панчев…

 

„Ретко се раѓаат на пример фудбалери како Панчев. Тој беше машина за голови без која не се може. Но денеска е дополнително потешко со оглед на фактот да во фудбалот на балканските простори се вложува сосема малку. Нема простор ниту услови оние реалните таленти да прераснат во вистински квалитетни фудбалери“ – вели Просинечки потсетувајќи се на шампионските денови на генерацијата од Бари 1991 година.

 

„Тоа беше неверојатна генерација која создаде неповторлива атмосфера. Михајловиќ, Панчев, Југовиќ, Савичевиќ… Тоа беше најдобрата екипа која некогаш, било кога, играла на овие простори. Тешко дека тоа ќе се повтори во блиска иднина“ – истакнува Просинечки.

 

Да го имам сега Панчев

 

При одговарање на прашања на навивачите за официјалната страна на „црвено-белите“, пак, Роберт Просинечки нагласува дека во оваа сегашна екипа на Црвена Звезда го посакува единствено Дарко Панчев.

 „Ех, кога би го имал сега Панчев. Сигурно ако нешто може да земам од таа наша генерација тогаш би го земал токму голгетерот. Тоа ни недостасува сега“ – вели Хрватот.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.