Просинечки именуван за нов селектор на БиХ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Просинечки именуван за нов селектор на БиХ

Просинечки именуван за нов селектор на БиХ

Хрватскиот стратег Роберт Просинечки ќе биде нов селектор на фудбалската репрезентација на БиХ. Тој ја доби довербата на Извршниот одбор на федерацијата и во гласањето го победи противкандидатот Амар Осим. Просинечки во изминатиот период беше селектор на селекцијата на Азербејџан.

Првите активности во репрезентацијата на БиХ, Просинечки ќе ги има на крајот на овој месец. Босанскиот национален тим на 28.јануари ќе одигра пријателски натпревар со САД во Лос Анџелес, а три дена подоцна ќе ги одмери силите и со Мексико.

 „Секако дека сум пресреќен, ќе водам репрезентација што има феноменални фудбалери и поседува огромен потенцијал. Она што можам да го ветам од првиот ден е дека ќе дадам се од себе БиХ со овие фудбалери да биде дел од едно големо натпреварување“ – истакна Просинечки, кого го очекува бонус од 300.000 евра доколку ја одведе оваа селекција на наредното Европско Првенство.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.