Промовирана монографијата за Атина Бојаџи - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Промовирана монографијата за Атина Бојаџи

Во Кинотеката на Македонија во присуство на стотина посетители и официјално беше промовирана монографијата за животот и делото на Атина Бојаџи, една од најдобрите македонски спортистки на сите времиња. 

 

Промоцијата на публикацијата, чиј автор е новинарот и публицист Миле Раденковиќ, почна со настапот на македонскиот кантавтор Славе Димитров со песната од филмот „Исправи се Делфина“, кој што беше инспириран токму од подвигот на маратонката Атина Бојаџи и нејзиниот најголем спортски успех, препливувањето на каналот Ла Манш како единствена жена од Балканскиот полуостров која што успеала во тоа. 

 

Оваа монографија целосно ја финансираше Општина Карпош, а градоначалникот Стевчо Јакимовски на оваа церемонија имаше пригодно обраќање во кое што се присети на последните дружења со „Хероината од Ла Манш“. Тој најави и именување на една улица во Карпош по Атина Бојаџи, во непосредна близина на нејзиниот дом, како и музеј каде ќе се чуват сите нејзини медали од спортските подвизи.

 

 

 

 

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.