Пријателски натпревари: Реми на Работнички со Говерла, Напредок поразен од Силекс - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пријателски натпревари: Реми на Работнички со Говерла, Напредок поразен од Силекс

По вчерашното реми без голови
со јужнокорејскиот Поханг, екипата на Работнички денеска одигра уште еден
натпревар без победник на подготовките во Анталија, овој пат против украинскиот
прволигаш Говерла.

 

Стрелец за „романтичарите“
беше капитенот Крсте Велкоски во 58.минута од средбата, додека противникот
израмни во последните секунди од средбата. Македонскиот тим беше далеку подобар
тим на теренот, но сепак не успеа да искористи неколку можности за гол. На
дуелот црвен картон заработи офанзивецот Баже Илијоски.

 

Силекс подобар од Напредок (2-0)

Фудбалерите на Силекс
продолжуваат со квалитетните изданија на подготовките во Охрид, по двете победи
против второлигашите Корзо и 11 Октомври, славејќи и на пријателскиот натпревар
против Напредок со 2-0.

 

Победата кратовци ја осигураа
уште во првото полувреме кога со двата гола на Николче Ѓоргиев стигнаа до
предност која знаеја да ја зачуваат до крајот на средбата.

 

Гостивар без
победник (1-1) со Нафтачела

Нашиот второлигаш, тимот на
Гостивар кој исто така подготовките ги реализира во Анталија денеска ремизираше
(1-1) со азербејџанскиот второлигаш Нафтачела. Македонскиот тим имаше водство
по првото полувреме, но противникот израмни во вториот дел.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.