Пресврт на „Маракана“: Бошко Ѓуровски отпаѓа, Милојевиќ ја презема Ц. Звезда!? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Пресврт на „Маракана“: Бошко Ѓуровски отпаѓа, Милојевиќ ја презема Ц. Звезда!?

Пресврт на „Маракана“: Бошко Ѓуровски отпаѓа, Милојевиќ ја презема Ц. Звезда!?

Поранешниот фудбалер и тренер на младите селекции во клубот, Владан Милојевиќ фигурира како најсериозен кандидат за нов шеф на стручниот штаб на Црвена Звезда.

Како што е познато, генералниот директор Звездан Терзиќ претходно соопшти дека ќе му биде понуден договор на поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски, но како што пренесуваат српските медиуми сега Милојевиќ е најсериозниот кандидат за оваа улога.

Милојевиќ денеска ја завршува својата активност за грчки Паниониос, а во изјава за српски „Журнал“ не ја отфрли можноста да се врати на „Маракана“.

Владан Милојевиќ ја почна својата тренерска кариера на клупата на Чукарички со кој тим го освои Купот на Србија по победата над Партизан во финалето. Потоа беше тренер на кипарска Омонија, за да го преземе грчки Паниониос со кого стигна до Лигата на Европа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.