Прекин во „Автокоманда“: Петрушевски го повлече тимот на Металург поради лошо судење?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Прекин во „Автокоманда“: Петрушевски го повлече тимот на Металург поради лошо судење?!

Прекин на мечот во салата „Автокоманда“. Тренерот на Металург, Крсто Петрушевски, одлучи да ја повлече екипата од теренот по 54 минути игра на мечот со Заечар, при негатива од два разлика (24-26) во регионалната лига. Оправдување за ваквиот негов потег е лошото судење на црногорската судиска двојка, која најблаго речено го „крадела“ Металург во текот на целата средба. Но, прашање е колку ваквиот потег е спортски од натпреварувачки агол.
 
Треба да се напомене дека во оваа регионална лига во женска конкуренција, клубовите сами си ги плаќаат трошоците за натпреварување, па најверојатно Металург и тренерот Крсто Петрушевски сметаат дека за тоа треба да добијат и достојно судење. Интересно е дека овој меч немаше никакво натпреварувачко значење, освен престиж меѓу клубовите. Натпреварот е прекинат во 54.минута, откако на голманката Тања Андрејева и е покажан црвен картон, поради тоа што по направен прекршок на тимот надвор од седумте метри, таа им приговори на судиите. Претходно, судиите од Црна Гора направија уште неколку очигледно грешки, но што би било доколку секоја екипа вака лесно би се повлекувала од теренот за секоја грешка на делителите на правдата.        
 
Фото: www.rkmetalurg.mk 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.