Преговорите започнаа: Сити нуди 20, Арсенал бара 35 милиони фунти за Санчез - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Преговорите започнаа: Сити нуди 20, Арсенал бара 35 милиони фунти за Санчез

Преговорите започнаа: Сити нуди 20, Арсенал бара 35 милиони фунти за Санчез

Манчестер сити ги започна преговорите со Арсенал за ангажманот на Алексис Санчез. „Граѓаните“ одлучија да не чекаат до јуни кога истекува договорот на Чилеанецот, ќе се обидат да го донесат на „Етихад“ уште во овој преоден рок.

Според англиските медиуми, Сити понуди 20 милиони фунти за неговите услуги, додека Арсенал се обидува да го изнуди максимумот барајќи 35 милиони фунти. Трансферот на Санчез во Сити исто така зависи од тоа дали Арсенал ќе успее да најде адекватна замена, а како кандидати се Томас Лемар од Монако и Набил Фекир од Лион.

Причина за офанзивата на Сити во овој преоден за потписот на Санчез е повредата на Габриел Жесус, која го поремети планот на Гвардиола. Пеп имаше намера да чека да заврши оваа сезона и да го доведе Алексис како слободен играч, но сега ќе врши напори го реализира овој трансфер во следните дваесетина дена.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.