Повеќе нема непобедливи во АБА: Партизан и го зеде скалпот на Ц. Звезда - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Повеќе нема непобедливи во АБА: Партизан и го зеде скалпот на Ц. Звезда

Повеќе нема непобедливи во АБА: Партизан и го зеде скалпот на Ц. Звезда

Повеќе нема непобедлива екипа во регионалната АБА лига откако Партизан вечерва и го нанесе првиот пораз на Црвена звезда во регуларниот тек на сезоната со 86-81 (21-17, 25-29, 21-26, 19-9). Избраниците на Александар Џикиќ имаа удобно водство во првиот дел од натпреварот, но потоа си дозволија опуштена игра и тоа ги чинеше скапо. Во последниот период, „црно-белите“ се консолидираа и го забележаа својот 16. триумф во Јадранското натпреварување во исто време нанесувајќи им го првиот пораз на градските ривали.

Домаќините на овој натпревар го отворија резултатот (3-0), но не успеаја долго да ја задржаат минималната предност. Соседскиот ривал се врати во игра и брзо го презеде водството (3-5) па следеа седум минути изедначена игра од која ниту една страна не успеа резултатски да се одлепи. Им тргна на Ратковица и Гордон од далечина, па „црно-белите“ имаа водство од пет поени (17-12) кон крајот на првиот период. Во вториот период домаќините повторно го диктираа темпото на игра.Концентрацијата кај гостинот дополнително опадна по техничката грешка што го искористија Бирчевиќ и Ратковица за да ја зголемат разликата кој достигна највисоки седум поени (32-25). Повика Радоњиќ тајмаут што вроди со плод неполна минута откако екипите се вратија на паркетот. Кошаркарите на Црвена звезда со брзи контри, користејќи ја долгата клупа стигнаа до изедначување на средината на вториот период (34-34), а со егал се замина и на полувремето (46-46).

Второто полувреме беше реприза на играта во првиот дел на натпреварот. Нитуе една од екипите не можеше да направи разлика поголема од пет поени. Правопропорционално со неизвесноста растеше и тензијата односно нервозата кај актерите на паркетот. При водство на Партизан во 37. минута (78-73) настана мало недоразбирање на теренот, па арбитрите поделија уште неколку технички грешки. Томпсон изнуди две слободни фрлања, од кои реализира само едно и намали на 79-78. Иако мало водство, на Партизан тоа му беше доволно за смирено да ги одигра преостанатите две минути.  Бирчевиќ и Хачер прописно ја одиграа својата улога и Партизан имаше четири поени предност (82-78). Радоњиќ повика тајмаут, но залудно.

Со 20 поени, Хечер беше најефикасен во победничкиот табор. Двоцифрени беа уште и Бирчевиќ со 16 поени, Маринковиќ со 13, по 11 постигнаа Величковиќ и Ратковица. Кај Црвена звезда најрасположени за игра беа Лука Митровиќ со 14 поени и 13 скокови, 11 поени запиша Бјелица, еден помалку постигна Џенкинс.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.