
- Кире Лазаров: Имаме поголеми шанси со Германија отколку со Словенија Објавено пред 3 години
- „Вардарци“ стартуваа со подготовките: Разликата со Шкендија не е недостижна! Објавено пред 3 години
- „Ел команданте“ и македонската чета (ФОТОГАЛЕРИЈА) Објавено пред 3 години
- Вардар ги претстави тројцата „пелистерци“: Тошевски, Попзлатанов и Цветаноски се нови вардарци Објавено пред 3 години
- Несторовски оди во Торино, но дури во јули Објавено пред 3 години
- СЕДМЕРЕЦ: Не е притисок, гордост е Објавено пред 3 години
- ЕХФ: Лука Циндриќ, најдобар ракометар во Европа за 2017 година Објавено пред 3 години
- Три адути за ЕП: Свежиот Кире, „ел команданте“ и децата што станаа мажи Објавено пред 3 години
- ТРИ СЕКУНДИ: Српска „струја“ не „дрма“ во МЗТ Скопје Објавено пред 3 години
- Македонија не се шегува – средена и Србија, дајте ја Словенија Објавено пред 3 години
Потврдена суспензијата на теренот на ФК Еуромилк
- '
- Објавено: август 23, 2011 22:00
Дисциплинската комисија при ФФМ на својата денешна седница ја потврди одлуката на Kомесарот за натпревари за суспензија на теренот на второлигашот од Горно Лисиче, ФК Еуромилк поради физички напад врз главниот судија по завршување на средбата од 2. коло во Втората лига со ФК Миравци.
По оваа суспензија во следните три дена од ФК Еурмилк треба да достават известување до ФФМ каде екипата ќе ги игра натпреварите како домаќин согласно пропозиции за натпреварување во Втората македонска лига.
Со одлука на дисциплинецот пауза од два натпревари поради неспортски однос и недисциплина на претходните првенствени односно Куп натпревари ги очекува фудбалерите Горан Секуловски (Треска Шишево), Менсур Идризи (Тетекс), Панче Стојанов (Хоризонт Турново), Стефан Главевски (Победа Јуниор), Дарко Сарафинов (Баби – Штип), Седат Бериша (Шкендија) и Димитар Смигревски (Локомотива), додека со по еден натпревар пауза се казнети Даниел Котевски (Победа Јуниор), Игор Кралевски (Металург), Марјан Грозданоски (Маџари Солидарност), Миле Петковски (Металург), Владимир Спасовски (Локомотива) и Бурим Гафури (Треска).
Лекарот на ФК Гостивар, Билјали Бесјан, поради недолично однесување кон делегатот по завршување на натпреварот со ФК Треска е казнет со опомена, додека комесарот за безбедност на ФК Гостивар, Адили Адем, поради недолично однесување за време на натпреварот кон делегатот и судиската четворка на натпреварот со ФК Треска се казнува со дисциплинска мерка забрана за вршење на функција поврзана со фудбалот во траење од еден месец. ФК Гостивар поради слаба организација за време и по завршување на натпреварот со ФК Треска Шишево се казнува со забрана на играње без присуство на публика на свој терен како докаќин на два натпревари.
Околу веќе поведената дисциплинска постапка против Драган Христовски претставник на ФК Хоризонт – Турново на натпреварот со Металург одлука ќе се донесе на наредниот состанок по добивање на дополнителна изјава од преставникот на Металург, Томче Трајановски.